Connect with us

Академија Пандев доведе три нови засилувања

Сандро Ембало, Неат Абдулаи и Иван Галевски се нови играчи на Академија Пандев, објави клубот. Тие во вториот дел од сезоната ќе го носат дресот на „пандевци“.


Сандро Ембало е португалски централен дефанзивец кој доаѓа од екипата на АЦ Оулу (Финска) и ја засилува одбраната и левата бековска позиција.


Неат Абдулаи е фудбалер со македонски пасош кој веќе неколку сезони е дел од неколку екипи во италијанската Серија Д. Последен клуб за кој настапувал е Монтебелуно, а игра на позициите крилен и централен напаѓач.


Иван Галевски доаѓа од екипата на Победа Прилеп и ќе биде засилување на двете крилни позиции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови