Connect with us

Адријан Мицевски се сели во Бундес – лигата

Македонскиот футсал репрезентативец Адријан Мицевски прави трансфер во Бундес – лигата. Тој ќе носи дресот на Штутгартер, еден од најдобрите клубови во германскиот футсал шампионат.

Штутгартер најавува борба за титулата во новата сезона од Бундес – лигата, а Мицевски е едно од значајните засилувања.

Македонскиот футсал играч настапуваше на Кипар за тимот на Омонија, како и за хрватскиот тим Сквер. Во Македонија беше играч на КМФ Железарец во неговите најдобри денови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови