Connect with us

Хумелс: Ова е неверојатно, ќе одиме на „Вембли“ да го освоиме трофејот

Големиот херој за Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, ги изрази своите емоции по триумфот на неговиот тим против Пари Сен Жермен во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Милионерите“ се пласираа во финалето на „Вембли“ со вкупни 2-0, а Хумелс призна дека тоа бил најважниот гол во неговата кариера.

„Неверојатно е да се дојде до финалето. Многу луѓе не ни даваа никакви шанси, но ние сме тука и за 20 дена на „Вембли“ ќе треба да го играме нашиот најдобар фудбал“, изјави Хумелс.


„Најважно беше што имавме добар голман и имавме среќа што тие ги погодија стативите во двата натпревари. Беше неверојатно кога постигнав гол. Минатата недела си реков дека не постигнувам многу голови и овој гол е еден од најважните во мојата кариера“, истакна херојот на „милионерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови