Connect with us

Челси сака да го купи Јан Облак

Челси е заинтересиран за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, пренесуваат шпанските медиуми.

Облак е во Атлетико Мадрид од 2014 година и има договор до 30 јуни 2028 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико би можел да го продаде словенечкиот репрезентативец во летниот преоден рок за да обезбеди пари за трансфери на нови играчи.

Во моментот вредноста на Облак е проценета околу 30 милиони евра. Голманот има настапувано за Атлетико на 442 официјални натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови