Connect with us

Захариевски се подготвува за дебито на клупата на Воска (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Воска Спорт под раководство на новиот тренер Срѓан Захариевски се подготвува за првиот пролетен предизвик пред своите гледачи. В недела на „Билјанини извори“ гостува тимот на Силекс, а Захариевски ќе го има дебито на клупата на охридскиот тим.

На денешниот тренинг на Воска присуствуваше и сопственикот Нефи Усеини, кој очекува со промената на тренерската позиција да дојдат и подобри резултати за тимот.

Воска во моментот се наоѓа на десеттата позиција со 20 бода, само два повеќе од Брегалница и од Вардар, кои се на последните две места.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови