Слога Виница им се врати на победите во Втората лига Исток, откако со 2-1 го совлада Детонит на домашен терен. Победа и Беласица остварија идентични победи по 6-0, а триумфираше и Каменица Саса.
Бојан Иванов го отвори резултатот за Слога Виница, а Андреј Симевски зголеми а 2-0. За гостите стрелаше Настевски во 90. минута.
Спиркоски и Мазари постигнаа хет – трик и овозможија убедлив триумф на Победа (6-0) против Братство.
Беласица исто така беше многу убедлива (6-0) против Локомотива. Александар Коцев постигна два гола, а погодија и Давков, Јанкуловски, Стојков и Крстев.
Каменица Саса го совлада Осогово со 2-0, со головите на Соколовски и на Мисердовски, а Пехчево го победи Кожуф со 1-0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski