Connect with us

Втора лига Исток: Брегалница на гости во Радовиш по нов триумф, Тиквеш против Росоман

Врвот се чува со победи. Лидертот Брегалница денеска (13 часот) гостува кај Плачковица во Радовиш во 22. коло од Втората лига – Исток. Дарко Додев нагласува дека тимот треба да се докаќува на секој нареден натпревар.


„Сакаме победа и нови три бода. Играме одлично изминатиов период и секако, чекор по чекор, на прагот сме на Првата лига. Може да кажам дека атмосферата во тимот е навистина одлична, желни сме за нови победи. Играме без капитенот Ристе Наумов, но секој поединец во тимот слободно може да кажам дека е мотивиран за максимално надигрување“, вели Додев.

Тиквеш го очекува гостување кај Росоман, а тоа е добро познат терен за фудбалерите на Пане Блажевски.
Кожуф е домаќин на Каменица Саса во Гевгелија, Осогово ќе го пречека Кит Го, а Победа ќе ја нагости Слога Виница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови