Connect with us

Гнабри е „аут“ до крајот на сезоната, но најверојатно и за ЕВРО 2024

Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, ја обнови повредата на мускулот на левата нога и ќе отсуствува до крајот на сезоната, објави Баерн Минхен. Тоа и не е толку голем проблем за баварскиот клуб, кој веќе и нема за што да се бори до крајот на шампионатот во Бундес-лигата, но Гнабри би можел да го пропушти и Европското првенство.


Тој се повреди на реваншот натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал (1-2) и беше заменет уште во 27. минута.

Гнабри се наоѓа на поширокиот список на селекторот Џулијан Нагелсман за репрезентацијата на Германија, но повредата многу веројатно ќе го спречи да учествува на континенталниот фудбалски собир.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови