Connect with us

„Бомба“ од Германија: Чаби Алонсо го носи Кристијано Роналдо во Баер Леверкузен?

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се враќа во Европа и ќе го носи дресот на Баер Леверкузен, новиот германски шампион. Оваа сензационална вест ја донесе Алхаза Мутаб, новинар од Саудиска Арабија, кој тврди дека тренерот на Баер, Чаби Алонсо, веќе го контактирал Роналдо и му понудил да дојде на „Бај Арена“.


Роналдо игра во одлична форма и во дресот на Ал-Наср во Саудиска Арабија, но јасно е дека за него е предизвик да се врати во Европа и повторно да игра во Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Роналдо досега нема трофеј во Бундес-лигата, а со оглед на одличниот тим што го има Баер Леверкузен, сигурно дека и следната сезона ќе конкурира за највисок пласман и за одбрана на титулата.

Баер Леверкузен ова лето речиси сигурно ќе го продаде напаѓачот Виктор Бонифејс, за кого има сериозна заинтересираност од неколку европски гиганти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови