Connect with us

Интер го прави Николо Барела најскап Италијанец во Серија А

Играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, се договорил со клубот да го обнови договорот до 2029 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Според новите услови на договорот со „нероаѕурите“, Барела ќе стане најплатен Италијанец во Серија А.


Играчот од средниот ред ќе заработува нето 6,5 милиони евра годишно, плус различни бонуси, кои лесно ќе ја надминат сумата од 7 милиони.

Актуелниот договор на италијанскиот репрезентативец е до 2026 година. Тој моментно заработува 5 милиони евра по сезона, а новиот договор ќе трае до јуни 2029 година.

Николо Барела ќе заработува највисока плата меѓу Италијанците во Серија А, а зад него е соиграчот од Интер, Алесандро Бастони добива 5,5 милиони евра годишно. Трет на листата е Федерико Киеза од Јувентус кој заработува 5 милиони евра.

Во наредните денови се очекува и тренерот Симоне Инзаги да потпише нов договор со Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови