Connect with us

Ривалдо: Борусија Дортмунд ќе ја освои Лигата на шампионите, а Винисиус Жуниор – „Златната топка“

Ривалдо во интервју за шпанските медиуми зборуваше за состојбите во шпанскиот фудбал, а се осврна и на темата за финалето од Лигата на шампионите.

Тој верува дека Борусија Дортмунд е таа која ќе го земе трофејот.

„Мислам дека Реал е фаворит, но сигурен сум за Борусија, тие имаат толку голема самодоверба, знаат како да го играат ова натпреварување, знаат да играат тешки натпревари. Да, Реал е фаворит, но јас типувам на Борусија“, изјави Ривалдо.

Она што е интересно е дека Ривалдо го фаворизира Винисиус пред Мбапе во трката за најдобар играч оваа година.

„Оваа сезона, сè што прави во Реал, начинот на кој игра… Тој дефинитивно има шанса да биде најдобриот играч на планетата и да го победи Мбапе во наградата за Златната топка“, рече тој.

На крајот не ја одмина и Барселона.

„Помина долго време откако Барса освои трофеј, нели? Тешка сезона за Чави. Поминав низ слична ситуација кога играв за Барса, тешко е. Тешко е кога гледаш како твоите ривали освојуваат трофеи, Лигата на шампионите на пример, тоа е најлошото за навивачите. Но, потребно е време, сите големи клубови минуваат низ такви периоди. Потребно е да се пронајдат вистинските фудбалери, да се доведат вистински засилувања и потоа да се нападне Лигата на шампионите“, потенцираше Ривалдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови