Каталонскиот гигант Барселона планира да го засили нападот за следната сезона. Дефинитивно нема да го откупи Жоао Феликс, а можно е заминување и на Роберт Левандовски. Затоа тренерот Чави Хернандез и раководството на клубот планираат нови имиња.
Претходно имаше информации дека Барселона ги сака Дарвин Нуњез и Александар Исак во своите редови, а сега има и трета офанзивна цел.
„Мундо Депортиво“ ја пренесува веста дека Барселона е заинтересирана за крилниот напаѓач на Порто, Бразилецот Пепе (27), кој зад себе има многу добра сезона.
Пепе оваа сезона одигра вкупно 47 натпревари за Порто, постигна осум гола и забележа десет асистенции.
Фудбалерот може да ги покрие двете крилни позиции, а има договор со Порто до 2027 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski