Манчестер Сити утре му гостува на Фулам во Премиер – лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола тврди дека тоа ќе биде тежок натпревар.
„Фулам и минатата и оваа сезона игра добар фудбал, посебно на домашен терен. Знам дека менаџерот Марко Силва врши многу добра работа таму. Но, исто така и знам дека ние треба да победуваме ако сакаме да ја одбраниме титулата“, изјави Гвардиола.
На прашањето дали ќе го поддржи градскиот ривал Манчестер Јунајтед во нивниот судир со ривалот за титулата Арсенал, Гвардиола даде интересен одговор.
„Јас сум навивач на Манчестер Сити и ќе се обидам да го победам Фулам, тоа е мојата единствена грижа. Трката за титулата оваа сезона е интересна, а Арсенал и Ливерпул се неверојатни тимови“, истакна Пеп.
„Сѐ е добро со повредените. Сите се добро. Не знам што прават другите клубови, но ние имаме неверојатен медицински оддел овде многу години“, потврди Гвардиола.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski