Connect with us

Покетино: Нема да биде крај на светот ако се разделиме со Челси

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино, даде многу интригантен одговор на прашањето за неговата иднина во Челси. Аргентинецот истакна дека за да продолжи да работи во клубот не е важно само сопственикот да биде задоволен, туку и тој и неговиот штаб да се чувствуваат среќни што остануваат на „Стемфорд Бриџ“.


„Ако сите сме среќни, тогаш тоа е совршено, но не се работи само за тоа дали сопствениците се среќни. Треба да нѐ прашате и нас бидејќи можеби не сме среќни и сакаме да раскинеме. Тоа не би било првпат стручниот штаб да одлучи да не продолжи во некој клуб. Утре можам да кажам дека заминувам. Има две страни за да се донесе таква одлука. Не се работи само за тоа дали сопственикот е среќен или дали спортскиот директор е среќен. Можеби не сме среќни затоа што дојдовме да работиме, а на крајот не ни излезе она што го очекувавме. Не велам дека не сум среќен, но ако се разделиме нема да биде проблем бидејќи нема да биде крајот на светот“, изјави Покетино.

Челси потфрли во Премиер-лигата оваа сезона, па следната нема да биде дел од Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови