Connect with us

Емери: Не бевме доволно конкурентни

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, го коментираше поразот на тимот со 0-2 од тимот на Олимпијакос во реваншот од полуфиналето на Конференциската лига. И покрај елиминацијата, тој смета дека искуството стекнато во кампањата било многу корисно.


„Се пласиравме во европско натпреварување на крајот од минатата сезона и уживавме оваа година, но е многу тешко да се победи и сме во процес на развој. Олимпијакос заслужи да биде во финалето. Загубивме во првите 90 минути дома и не бевме доволно конкурентни. Тимот добро го започна првото полувреме, ја контролираше играта, но играчите не беа ефикасни. Но, мораме да им кажеме и „благодарам“ на навивачите бидејќи тие беа тука и се обидуваа да нѐ вратат назад. Ова е искуство за нас по долго отсуство од европските турнири и следната година повторно ќе се натпреваруваме во Европа“, изјави Емери.

Астон Вила се бори да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона наоѓајќи се на четвртото место во Премиер – лигата со седум бодови и натпревар повеќе пред петтопласираниот Тотенхем на две кола до крајот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови