Connect with us

Неверојатно, но вистинито: Борусија Дортмунд ќе заработи бонус од 25 милиони евра, ако загуби од Реал во финалето на ЛШ

Финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд на „Вембли“ ќе биде круна на клупската сезона во европскиот фудбал.

Тоа ќе биде можност и за Џуд Белингам да игра против својот поранешен клуб, на кој му донесе големи пари при трансферот во Реал минатото лето, а интересно е дека може да му донесе уште повеќе доколку ги победи во финалето на Лигата на шампионите.

Реал Мадрид се согласи да плати 103 милиони евра за Белингем преку различна динамика на плаќање, но Борусија Дортмунд вметна и клаузула која ќе им донесе дополнителни 25.000.000 евра ако Реал ја освои Лигата на шампионите во следните шест сезони.

Белингам стигна до борбата за трофејот веќе во првата сезона по одличните игри годинава, а „кралскиот клуб“ е голем фаворит против Борусија Дортмунд во претстојното финале во Лондон.

Сепак, во Борусија Дортмунд сигурно би се откажале од бонусот од 25.000.000 евра за втората европска шампионска круна во клупската историја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови