Connect with us

Гасперини: Финалето ќе биде историски настан за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, како историски настан го оцени пласманот во финалето на Лига Европа, што е прв во историјата на клубот од Бергамо во европските натпреварувања.

„Финалето ќе биде историски настан. Навистина е неверојатно за тим како нашиот, но е добро за целиот фудбал. Не знам дали можеме да кажеме дека бевме беспрекорни, но дефинитивно доминиравме во реваншот. Тоа е во нашата крв. Се обидуваме да ја играме нашата напаѓачка игра на три различни начини. Можевме подобро да ги искористиме нашите шанси: неизвесноста се одржуваше додека Руџери не даде фантастичен втор гол“, изјави Гасперини по мечот.

Италијанскиот тим го елиминира Олимпик Марсеј со вкупни 4-1 и се пласираше во финалето на Лига Европа каде ќе се сретне со Баер Леверкузен. Натпреварот ќе се одигра на 22 мај во Даблин (Ирска) на стадионот „Авива“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови