Connect with us

Вилјареал ги сопре „кралевите“ (ВИДЕО)

Вилјареал успеа да остане непоразен на „Сантијаго Бернабеу“ против лидерот Реал Мадрид играјќи без голови. Тимот на Унаи Емери имаше и поизгледни шанси за погодок во првиот дел, но не ги реализираше.

Карло Анчелоти во второто полувреме ги внесе во игра Камавинга и Азар, меѓутоа и со нив не успеа да пронајде пукнатина во одбраната на „жолтата подморница“.

Реал Мадрид е првопласиран на табелата во Ла Лига со 17 освоени бода, три повеќе од Севилја и Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови