Connect with us

(ВИДЕО) Кристал Палас го освои „Енфилд“, Ливерпул падна на третото место

Кристал Палас го шокираше Ливерпул на „Енфилд“, го победи со 0-1 и го оддалечи од битката за титулата. По овој пораз Ливерпул падна на третата позиција на табелата на шест кола пред крајот од сезоната.

Кристал Палас одигра речиси перфектен меч за свои стандарди и поведе со голот на Езе во 14. минута, а до крајот успеа да се го одбрани својот гол, но беше исклучително опасен и на контри.

Матета имаше две неверојатни ситуации за предност од 0-2, додека на спротивната страна, Дарвин Нуњез, Жота и Салах не реализираа колосални шанси во вториот дел за враќање во мечот.

Манчестер сити е првопласиран на табелата со 73 бода, Ливерпул има 71, исто колку и Арсенал кој нешто подоцна ќе игра против Астон Вила.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови