Connect with us

ВИДЕО: Еден е Агим – Ремек-дело од слободен удар за првенец во дресот на Шкендија!

Шкендија дојде до лесна победа од 3-0 против Беласица во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Триумфот на тетовци го најави Изаир Емини во 54. минута од средбата, за да во 83. минута следи вистинско ремек дело на Агим Ибраими директно од слободен удар од околу 25. метри. Ибраими го постигна првенецот по враќањето во дресот на Шкендија, и тоа на најубав можен начин. Конечните 3-0 во 88. минута ги постави Омар Имери со помош на дефанзивецот на Беласица, Маслач кој место да расчисти пред својот гол ја затресе сопствената мрежа…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови