Вардар е повторно во елитата, таму каде што и му е местото на најтрофејниот македонски клуб. Без разлика на сѐ, самото присуство на „црвено-црните“ во елитата носи поголема тежина, квалитет, но и мотив за сите останати прволигаши.
Клубот е во транзиција, сега „Комитите“ се во раководството и се трудат на секој можен начин да го извлечат нагоре.
Вардарци на стартот гостуваат во Струмица и ќе се соочат со ребрендираниот клуб АП Брера Струмица. Горан Пандев и понатаму е претседател, но сега Италијанци раководат со струмичкиот клуб.
Тренерот Џовани Валенти ќе дебитира во Првата фудбалска лига токму против Вардар.
„Голема е честа што првиот натпревар ќе го играме со Вардар кој е тим со многу титули и навивачи. Ќе играме офанзивен фудбал. Сакам струмичани да ја наполнат трибината и да ја видат нашата нова фудбалска филозофија и приказна. Нашата идеја е да го имаме поседот на топката, да нападнаме и да играме на гол повеќе. Ние 30 дена тренираме за овој натпревар и се надеваме дека ќе славиме“, истакна Џовани Валенти.
„Црвено-црните“ од синоќа се во карантин во Струмица.
„Конечно дојде најважното, почетокот на Првата лига. Овој тим на Вардар е спој на младост и на искуство. Се надевам дека ќе го дадат сите максимумот. Вардар секогаш оди на победа и ќе играме на три бода. Имаме максимален респект за Брера Струмица“, изјави Владица Брдаровски.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 1. КОЛО (17 часот)
ВОСКА – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski