Connect with us

Умтити се сели во Бенфика?

Португалскиот гигант Бенфика изрази заинтересираност за услугите на дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити. Раководството на клубот сака да го доведе стоперот на позајмица до крајот на сезоната. Французинот не е дел од плановите на тренерот Чави Хернандез, но веќе одреден период одбива да си замине од „Камп Ноу“.


Бенфика сака да доведе нов одбранбен фудбалер откако го загуби Лукас Верисимо на подолг период поради повреда. Португалскиот тим се бори за титулата во домашниот шампионат, но исто така ќе биде дел и од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови