Connect with us

УЕФА ќе ја исфрли Белорусија од квалификациите за ЕВРО 2024?

Европската фудбалска организација (УЕФА) на претстојниот состанок на Извршниот комитет на 4 април ќе го разгледа можното исклучување на Белорусија од натпреварувањата што ги организира, особено од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, објави денеска германската телевизија „АРД“.


„УЕФА одамна има намера да разговара за ситуацијата во Белорусија на претстојниот состанок“, се вели во писмото што претседателот на УЕФА Александар Чеферин го испрати до 100 пратеници во Европскиот парламент, а го виде и редакцијата на спортската редакција на телевизијата „АРД“.

Ова е директен одговор на полскиот пратеник Томаш Франковски, член на Комитетот за култура на Европскиот парламент.

Стотина пратеници од сите политички групи побараа од УЕФА кон средината на месецот да ја протера Белорусија поради нејзините врски со Русија и прашањето за почитување на човековите права во земјата.

„УЕФА ги следи загрижувачките случувања што ги спомнавте“, одговори Чеферин.

„АРД“ објави дека на претстојниот состанок ќе се разговара за прашањето за исклучување на Белорусија од натпреварувањето на УЕФА.

Неделава почнаа квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули следната година во Германија.

Квалификациите на Белорусија почнуваат в сабота од 18 часот против Швајцарија, а натпреварот се игра на стадионот во Нови Сад, Србија.

Русија е исфрлена од меѓународни натпревари поради војната во Украина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови