Connect with us

Убав роденден за Влаховиќ – со трансфер во Јувентус

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ пристигна во Торино и утре треба да ги мине деталните лекарски прегледи пред да го официјализира трансферот од Фиорентина во Јувентус. Тој денеска го слави 22. роденден и очигледно дека ќе го памети долго, по склучувањето на договорот од соништата. Влаховиќ отсекогаш сакал да игра токму за Јувентус чиј фан е од најмали нозе.

Јувентус на Фиорентина ќе и плати 68 милиони евра за овој трансфер, а Влаховиќ ќе потпише договор до 2026 година. Тој ќе заработува 7 милиони евра по сезона во редовите на „старата дама“.

Убаво ќе заработат и неговите агенти. Менаџерската провизија за трансферот ќе изнесува 15 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови