Connect with us

Тухел: Оваа победа многу ми значи, Баерн го покажа колективниот дух

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше по победата на неговиот тим над Арсенал со 1-0 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците го елиминираа ривалот откако во Лондон одиграа 2-2, а тренерот го истакна високиот колективен дух на играчите.


„Оваа победа ми значи многу. Овој натпревар беше како игра шах. Кој ќе го направи првиот потег, да ја направи првата грешка. Никој не сакаше да го направи тоа. Второто полувреме беше значително подобро. Покажавме храброст и заслуживме да победиме на крајот. Горд сум на перформансите на тимот. Особено сум горд на Конрад Лајмер, кој беше залепен за Одегард. Нусаир Мазрауи исто така одлично се снајде на левата страна. Но, беше јасно дека ќе успееме ако бидеме обединет тим“, изјави Тухел.

Во полуфиналето, Баерн ќе има многу тежок предизвик во Реал Мадрид. „Кралевите“ по драматични пенали го елиминираа актуелниот трофеј Манчестер Сити и ќе се обидат да стигнат до уште едно финале и рекордни 15 титули во ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови