Connect with us

Тухел го сака Обамејанг на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси започна преговори за евентуален трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг. Поранешниот напаѓач на Арсенал е едно од имињата на списокот на Томас Тухел за да го засили нападот на „сините“ од Лондон. Германецот веќе го доведе Рахим Стерлинг, но бара и типичен централен напаѓач кој ќе го замени Ромелу Лукаку.


Тухел и Обамејанг имаат одлични односи уште од времето во Борусија Дортмунд, па тоа исто така може да помогне за договор.

Габонецот во февруари пристигна во Барселона како слободен играч и постигна 13 гола во сите натпреварувања. Неговата желба е да остане на Камп Ноу, но од друга страна, Каталонците веќе го привлекоа Роберт Левандовски, а клубот треба да се раздели со уште играчи, за да може да ги регистрира сите нови засилувања.

Челси се уште не испратил конкретна понуда до Барселона за Обамејанг, но веќе се водат разговори со претставниците на играчот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови