Connect with us

Трајковски и Несторовски ќе добијат нов тренер во Палермо

Македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски ќе имаат нов тренер во Палермо. По ремито (1-1) против последнопласираниот тим на Падова, раководството на Палермо одлучи да му даде отказ на Роберто Стелоне.

Трајковски беше стрелец на голот против Падова, но тоа не беше доволно за тимот да слави триумф. Палермо се обидува да се врати во Серија А.    

Ова е вторпат Стелоне да добие отказ од Палермо, а како најсериозен кандидат за негов наследник се споменува Делио Роси.

 
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови