Connect with us

Тотенхем сега бара 115 милиони евра за Хари Кејн

Претставниците на Тотенхем и на Баерн Минхен не успеаја да се договорат за трансфер на клупскиот капитен и напаѓач Хари Кејна во редовите на шампионот на Германија.


Британските медиуми објавија дека челниците на Баерн се подготвени да потрошат околу 100 милиони евра за Кејн, но до договор не дојде откако раководството на Тотенхем побара 115 милиони евра за англискиот репрезентативец.

„Скај Спорт“ пренесува дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, повторно се покажал како тежок преговарач, бидејќи договорот не бил блиску до реализација иако Кејн сака да ја продолжи кариерата во Баерн.

Кејн за Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови