Connect with us

Тите го ограбиле на Бадник, а крадецот го прекорил и за раната елиминација на Мундијалот

Досегашниот селектор на Бразил, Тите (61), остана без работа по поразот од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. Бразилските медиуми јавуваат дека Тите денеска бил и ограбен, отљако на Бадник решил да се прошета во буржоаската населба Бара да Тијука каде што живее.

Разбојникот му го одзел паричникот, но и го прекорил Тите за испаѓање од Мундијалот.
Кога Бразил беше елиминиран од Белгијците на Светското првенство во Русија пред четири години, Тите и неговото семејство се повлекоа во изолација за да го избегнат гневот на фанатичните бразилски навивачи.

Фудбалската конфедерација на Бразил деновиве треба да го назначи неговиот наследник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови