Connect with us

Тиквеш не ја прифати оставката, Влатко Костов останува на кормилото

Раководството на македонскиот прволигаш Тиквеш не ја прифати понудената оставка на шефот на стручниот штаб, Влатко Костов. Тој по поразот од Шкупи на Чаир, најави заминување, пред се и поради судиските неправди кон клубот. Сепак, зад него со поддршка застана и градоначалникот на Кавадарци.

“Како Градоначалник отсекогаш сум го поддржувал спортот во Кавадарци. Особено ми претставува чест кога ги следам натпреварите на нашиот ГФК Тиквеш. Се гордеам со резултатите што ги постигна во последната година и секогаш сум со нив и кога победувал и кога губел.
И затоа по најавената оставка на тренерот Влатко Костов, единствено што можам да кажам е дека ниту јас, ниту Управниот одбор, навивачите и љубителите, не можеме да ја прифатиме, затоа што сметаме дека тој не сноси никаква одговорност за фудбалските настани кои следеа претходно, за што се изјасни и судиската комисија на ФФМ и призна дека нашиот клуб многупати досега бил оштетен. Затоа, му даваме целосна поддршка на тренерот Влатко Костов, човек кој важи за најдобар и најискусен во Македонија, да остане на чело на Тиквеш и да продолжи со неговата работа, и секако да го подготвува тимот за следниот натпревар во Струга”, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови