Connect with us

Терзиќ: Атлетико не успеа да нѐ скрши, заслужено ги елиминиравме

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, беше пресреќен по победата над Атлетико Мадрид со која тимот се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Жолто-црните“ го добија реваншот на „Сигнал Идуна Парк“ со 4-2 и со вкупен резултат 5:4 го елиминираа шпанскиот гигант.


„Јас сум исклучително горд. Атмосферата на стадионот беше неверојатна. Имаше два моменти кои можеа да нѐ скршат, но бевме посилни и одиме напред. Со гордост можам да кажам дека заслужено елиминиравме тежок тим како Атлетико“, изјави Терзиќ.

„Во полуфиналето ќе се сретнеме со Пари Сен Жермен. На нашиот прв натпревар во групната фаза, работите не одеа добро. Во реваншот поуспешно се адаптиравме на нивниот стил на игра и дојдовме блиску до победа. Мислам дека сега играме подобро отколку тогаш“, додаде тренерот на Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови