Connect with us

Суарез дојде на гости кај Меси да ја прослават титулата (ВИДЕО)

Еден од најблиските пријатели на Лионел Меси, Уругваецот Луис Суарез, не само што му честиташе за освоената светска титула, туку и сега ќе слави со него во Росарио. Уругваецот со семејството пристигна во родниот град на Лео за да го посети својот поранешен соиграч во Барселона.


Суарез допатува со приватен авион, придружуван од сопругата и децата. Таму ќе останат најмалку до Божиќ.

35-годишниот Уругваец беше еден од првите што му честиташе на Меси по натпреварот со Франција. Тоа се случи уште во соблекувалната кога имаа телефонски разговор.

Меси се врати во Росарио веднаш по завршувањето на парадата по повод триумфот на „албиселесте“ во Катар. Сѐ уште не е јасно кога точно ќе замине во Европа за да се приклучи на тренинзите на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови