Connect with us

Стефан Ристовски: Го потврдивме учеството во Европа, но Динамо сака во групите од ЛШ

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски вели дека неговиот тим Динамо Загреб заслужено се пласира во плејофот за пласман во групите од Лигата на шампионите. Синоќа Динамо и вторпат го победи Лудогорец (4:2), а Ристовски беше асистент на првиот гол.


„Го потврдивме пласманот во Европа, но одиме на пласман во ЛШ и се надевам дека ќе го избориме. Им честитам на соиграчите, а зашто – бизарен меч? Фудбалот е таков, се игра 90 минути. Денеска победуваш, утре тргнуваш од почеток. А, нас во сабота нѐ чека нов тежок меч. Бодо Глимт? Ќе го анализираме, но прво ни доаѓа Хајдук, кој е квалитетен и опасен. Јас излегов на полувремето поради жолтиот картон“, изјави Стефан Ристовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови