Connect with us

Солскјер: Не размислувам за заминување

Манчестер Сити лесно го победи Манчестер Јунајтед со 0-2 на „Олд Трафорд“ во 11. коло од Премиер – лигата. Јунајтед не можеше да му парира на актуелниот шампион, кој целосно го надигра. Ова го призна и менаџерот Оле Гунар Солскјер.


„Во моментов сме многу далеку од најдобрите тимови. Очекувањата од мене и од играчите се големи и мораме да се вратиме во формата во која бевме порано. Имаме играчи за врвот. Ќе работиме напорно. Не размислувам за заминување. Имам добри односи со клубот и тие се многу искрени. Работам за Манчестер Јунајтед, го сакам најдоброто за клубот и додека сум тука сакам да напредуваме“, изјави Оле Гунар Солскјер.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на петтата позиција на табелата со 17 бода, дури девет помалку од лидерот Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови