Connect with us

Шкупи со повик до навивачите: Не двоумете се да дојдете на Чаир и да ни дадете поддршка

Шкупи е лидер на табелата во Првата фудбалска лига, по првиот круг од шампионатот тимот на Гоце Седлоски обезбеди пет бода предност пред најблиските конкуренти, но и покрај тоа трибините на стадионот на Чаир не се исполнети до последно место. Клубот преку соопштение ги повикува навивачите да ги следат натпреварите на Чаир.


„Пред околу три и пол години го започнавме нашето патување до сонот. За жал, за време на ова патување останавме сами, и финансиски и духовно. Сите си заминаа и продолжија да го критикуваат нашиот клуб и малку oстанаа да не поддржат.

Денеска некои од далеку, а некои од близина гледаат дека фудбалскиот клуб Шкупи е на многу добар пат, но успеси нема да доживееме сами, туку заедно. Успеси ќе постигнеме само ако останеме обединети со нашите навивачи, граѓани, поддржувачи и сите ние во клубот.

Сите сме сведоци на позитивните резултати на нашиот клуб, особено на последните натпревари, но за жал на последните натпревари на Чаир трибините ни беа празни. Се разбира, ние не зборуваме само за нашите фанови, туку за сите нас воопшто.

Како што споменавме порано, овој тим ја заслужува секоја можна поддршка од сите нас и само тогаш ќе ги оствариме нашите соништа.

Ве повикуваме да ги исполниме трибините со навивачи на претстојните натпревари, да пееме заедно, а исто така, за време на оваа битка, некој треба да дојде кај нас на врата и да не праша „Како би можеле да ви се придружиме?“. Време е да станеме голема заедница.

Ве молиме, не двоумете се да не поддржите за време на нашето фудбалско патување“, се вели во соопштението на Шкупи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови