Connect with us

Серхи Роберто ќе паузира најмалку еден месец

Еден од капитените на Барселона, Серхи Роберто, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец. Тој заработи повреда при успехот на Каталонците од 4-0 против Атлетик Билбао во неделата. Кон крајот на натпреварот Серхи Роберто лошо падна на рака.


Според „АС“, 30-годишниот играч го измести рамото и повредата ги прекина неговите надежи да биде во репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство. Повредата е удар и за Барселона, бидејќи дефанзивецот игра силно од почетокот на сезоната.

Повредата на Серхи Роберто ќе му даде шанса за настап на Хектор Белерин, кој неодамна се опорави од повредата. Опциите на Чави во одбраната веќе некое време се ограничени, а повредени се и Роналд Араухо и Андреас Кристенсен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови