Connect with us

Сензација од Саудиска Арабија: Кристијано Роналдо се враќа во Европа?

Кристијано Роналдо летово би можел да го напушти Ал-Наср и да се врати во Европа. Според локалниот новинар Алхаза Мутаб, Португалецот ќе се врати во матичниот клуб Спортинг Лисабон, каде и ја започна кариерата.

Ал-Наср имаше големи планови со потписот на Роналдо, но во тековната сезона ги загуби шанси за титулата, а во полуфиналето на Купот беше елиминиран од Ал-Хилал.

Спортинг е во одлична форма. Гигантот од Лисабон се блиску до освојување на шампионската титула, а потписот на Роналдо би ги потврдил шампионските амбиции и за следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови