Македонија не е Малта, тоа е многу потежок противник порача селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт во пресрет на утрешниот евроквалфикациски дуел.
„ Видовме како Македонија одигра еден час со Украина, имаат неколку играчи кои се одлични индивидуалци со извонредни квалитети, играат во големи европски клубови. Пред сѐ Македонија е тим кој функционира добро. Македонија е селекција која има педигре од минатите квалификации, играа со Португалија во завршен меч за пласман на СП и нас не не чека меч како во петокот, туку меч кој е ниво погоре со многу поголем интензитет и квалитет и наше е да одиме на победа“, вели Саутгејт.
Македонија по 17 години повторно гостува на „Олд Трафорд“ каде ремизираше без голови со Англија во 2006 година. Саутгејт предупредува дека Македонија ќе биде мотивирна да одигра на највисоко ниво и затоа вели Англија мора да биде подготвена.
„Нас нѐ чека тежок меч и ние сакаме тука да одиграме добар меч, сакаме да ги израдуваме навивачите. Не доаѓаме многу често на северот, затоа ќе се потрудиме да им пружиме емоции и радост, знаеме каква е тука атмосферата. Целта е да играме добро, навивачите да бидат задоволни. Тие се извонредни, прават вистинска атмосфера и тоа е дополнителна возбуда и за фудбалерите. Секако, Македонија ќе сака добро да одигра затоа ќе мора да сме внимателни“, додаде Саутгејт.
Англија има максимални девет бода од три меча, по победите над Италија, Украина и во петокот над Малта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski