Connect with us

Саутгејт ќе добие 5 милиони евра ако Англија го освои Мундијалот

Фудбалската Асоцијација на Англија подготвила богата награда за селекторот Герет Саутгејт доколку нивната репрезентација го освои пехарот на Светското првенство во Катар. Медиумите на Островот пренесуваат дека Саутгејт ќе може да смета на премија од 4,6 милиони евра доколку Англичаните станат светски шампиони.


Оваа сума е речиси трипати поголема од понудената награда за освојување на Светското првенство во Русија 2018 година.

Саутгејт има договор со Англија до 2024 година, а вреди 6,9 милиони евра годишно. Покрај тоа, тој веќе има заработено околу 575.000 евра за пласманот на Англија на Мундијалот.

Англија во Катар е во групата Б со Иран, САД и со Велс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови