Connect with us

Само реми за Наполи против Фросиноне (ВИДЕО)

Наполи ремизираше против Фросиноне (2-2) во првиот меч од денешната програма во Серија А. Тоа е уште еден изненадувачки резултат за „наполитанците“ кои се далеку од минатогодишното ниво.

Актуелниот шампион на Италија поведе со голот на Матео Политано во 16.минута, а Матијас Суле не успеа да реализира пенал за гостите во 30.минута.

Фросиноне израмни со голот на Чедира по големата грешка на голманот Мерет во 50.минута од мечот.

Наполи возврати со погодокот на Виктор Осимен во 64.минута од дуелот.

Но, и Валид Чедира беше расположен за постигнување голови. Во 73.минута уште еднаш ја затресе мрежата на „наполитанците“ за конечни 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови