Connect with us

Рома и ПСЖ се договорија за Вајналдум

Раководството на Рома постигна договор за трансфер на холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум од Пари Сен Жермен, објавија италијанските медиуми.


Поранешниот играч за врска на Ливерпул пристигнува во „вечниот град“ на позајмица со опција за откуп следното лето за 10 милиони евра.

Досега договорот беше одложен бидејќи двата клуба преговараа кој колкав дел од платата треба да му исплати во претстојната сезона, но тоа прашање сега е решено.

Одделно, самиот Вајналдум се согласи да намали некои од неговите финансиски барања.

Со оваа опција, ПСЖ сега ќе се обиде да го ангажира Ренато Санчез од Лил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови