Connect with us

Ристевски: Пелистер e многу поквалитетен од тоа што го покажува пласманот

Работнички во осмото коло од Првата фудбалска лига денеска (15 часот) ќе го пречека Пелистер. Поради реновирањето на теренот на арената „Тодор Проески“, натпреварот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, а тимот на Александар Влахо посакува да продолжи со позитивниот тренд.


Дефанзивецот Александар Ристевски, кој најголем дел од кариерата ја мина токму во Пелистер, вели дека битолскиот тим има многу поквалитетен состав од бодовното салдо кое го собра во досегашните седум кола.

„Пелистер е мојот клуб, таму израснав, ги направив првите фудбалски чекори, секогаш ќе ми биде при срце, но во фудбалот нема сентименталност, денеска ќе дадам се од себе за победа на Работнички. Сепак, мора да бидеме максимално внимателни и фокусирани, затоа што Пелистер има многу поквалитетен тим од тоа што во моментот го покажува табелата. Тие имаат само два освоени бода, но, сепак, никако не смееме да ги потцениме.

Верувам дека ќе продолжиме во нашиот ритам и дека ќе успееме да ги освоиме бодовите“, вели Александар Ристевски.

Дербито на колото се игра во Струга каде домашниот тим го пречекува актуелниот првак Шкендија. Во Струмица исто така многу интересна ќе биде пресметката меѓу Академија Пандев и Шкупи. Само овој натпревар е закажан за 18 часот, сите останати се играат во 15 часот.

Тиквеш под раководство на новиот тренер Влатко Костов ќе се обиде да стигне до триумф против Македонија ЃП, а Ренова во Тетово е домаќин на Брегалница. Борец во Велес ќе го пречека Скопје.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА (15 Ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – СКОПЈЕ

Тетово: РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 Ч.)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови