Connect with us

Редно е Шкендија да заигра: Може ли да ја анулира предноста на Рига?

Македонскиот првак Шкендија вечерва (20 часот) го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против Рига на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Избраниците на Ернест Ѓока имаат пред себе тешка задача, да ја надоместат негативата од два гола (0-2) од првиот меч во Летонија. Ако сакаат пласман во следната рунда, тие дефинитивно ќе мора да прикажат подобро издание од трите последни во Европа, кои ги загубија со вкупна гол – разлика 0-8.

„Ќе мора конечно да бидеме ефикасни. На претходните мечеви игравме добро, меѓутоа залудно кога не постигнавме голови. Овојпат ќе мора да бидеме конкретни. Рига има предност и се надевам дека ќе ја анулираме доколку го прикажеме тоа што се очекува од нас“, вели искусниот напаѓач Бесарт Ибраими.

Мечот меѓу Шкендија и Рига се игра вечерва (20 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а ќе го суди Фабио Мареска од Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови