Connect with us

Рашфорд си бил на журка по поразот на Манчестер Јунајтед во градското дерби

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, се забавувал во ноќен клуб по тешкиот пораз од Манчестер Сити со 3:0 во дербито пред да се пријави на тренинг во понеделник наутро, тврди британски „Телеграф“. Се претпоставува дека англискиот репрезентативец бил во популарниот ноќен клуб „Chinawhite“ во центарот на Манчестер до доцна по полноќ, славејќи ја роденденската забава организирана од неговите блиски пријатели.


Сепак, Рашфорд, кој денеска наполни 26 години, навреме се појавил на тренингот на тимот во понеделник.

Неговата ноќна прослава веројатно нема да помине добро кај навивачите на Манчестер Јунајтед кои се разочарани од поразот од Манчестер Сити и лошиот старт на сезоната за тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови