Connect with us

ПСЖ ќе купува и лев бек, погледите насочени кон Португалија

Ако францускиот гигант Пари Сен Жермен воопшто има слаби позиции во тимот, тогаш тоа е левата бековска позиција. Ова се смета за најслаба точка бидејќи ПСЖ нема моќни имиња како на другите позиции.


Во моментов тренерот Маурисио Покетино ги има Хуан Бернат и Левин Курзава меѓутоа Шпанецот често е повреден, а Курзава не се смета за доволно квалитетен за да игра во најсилниот ПСЖ на сите времиња.

Токму затоа ПСЖ тргнува по Нуно Мендеш, левиот бек на португалскиот шампион Спортинг Лисабон и репрезентативец. Тој важи за еден од најголемите европски таленти и има вредност од 40 милиони евра.

ПСЖ е заинтересиран да го доведе за да ја заокружи моќната одбрана. ПСЖ летово го доведе десниот бек Ахраф Хакими од Интер за 60 милиони евра. Серхио Рамос дојде како слободен агент, тука се Кимпембе и Маркињос, но негостига добар игра на левата бековска позиција.

Мендеш, кој има 19 години, има веќе пет настапи за Португалија, а играше и на Европското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови