Connect with us

При македонски бренд Вардар, Шилегов му подари на Вучиќ дрес од Црвена Звезда?!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, се во дводневна работна посета на Скопје, а градоначалникот на македонската метропола Петре Шилегов, направи невиден преседан во изборот на подароците за видните гости.

Наместо да им подари дресови од македонскиот бренд Вардар на Вучиќ и на Рама, тој им подарил дресови од нивните омилени тимови, Црвена Звезда и Јувентус. А македонскиот премиер Зоран Заев за подарок добил дрес од Вардар.

Во текот на вчерашниот ден, Шилегов се појави на прес – конференција со новите сопственици, компанијата Блу Скај Инвестмент, предавајќи им го раководењето со ФК Вардар. Тогаш тој доби на подарок „деветка“ од Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови