Македонскиот прволигаш Шкупи објави дека натпреварот против Брегалница како домаќин ќе го игра на стадионот на Башкими во Куманово. В недела, продолжуваат активностите во Првата фудбалска лига откако помина двонеделната пауза поради репрезентативните настапи.
„Нашиот тим како домаќин в недела ќе ја пречека Брегалница, но поради зафатот на стадионот Чаир каде веќе неколку недели се санира тревнатиот терен, овој натпревар ќе го играме на стадионот на Башкими во Куманово.
Исто така, натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија против Охрид нема да се игра на Чаир, но сѐ уште не е одлучено каде ќе се игра, за што навреме ќе следи информација во текот на следните денови“, соопштија од Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski