Connect with us

Трет тренер кој ги одби Баварците: Ралф Рангник му кажа „не“ на Баерн Минхен

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, ја одбил понудата на Баерн Минхен и нема да го преземе тимот од новата сезона, пренесува „Билд“. Раководството на Баварците разговараше со 65-годишниот стручњак, кој на лето требаше да го замени Томас Тухел.


Сепак, тоа нема да се случи и баварскиот колос ќе мора да ја продолжи потрагата по нов тренер.
Рангник е третиот стратег кој го одби Баерн Минхен. Првата опција беше Чаби Алонсо. Сепак, Шпанецот реши да остане барем уште една сезона на кормилото на Баер Леверкузен.

Гигантот од Минхен потоа се сврте кон Џулијан Нагелсман. Сепак, тој одби да се врати на „Алијанц арена“ и потпиша нов договор со германската федерација.

Ралф Рангник сега избра да остане на чело на Австрија наместо да го преземе Баерн.

Веста ја потврди и Фудбалската федерација на Австрија, од каде соопштија дека селекторот ќе остане на чело на тимот и по ЕВРО 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови