Connect with us

„Милионерите“ му нудат нов договор на Матс Хумелс

Раководството на Борусија Дортмунд е во преговори со Матс Хумелс за продолжување на неговиот договор. Актуелниот договор на 35-годишниот дефанзивец истекува на крајот од сезоната.

„Жолто-црните“ се исклучително задоволни од настапите на дефанзивецот во последно време и сакаат да го имаат во својот состав и во текот на наредната сезона.

Преговорите се за договор на една сезона, а деталите во моментов се разработуваат.

Матс Хумелс досега во кариерата играше за Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, со два периоди во двата клуба. Тој се врати на „Сигнал Идуна Парк“ во летото 2019 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови