Connect with us

Терзиќ: Заслуживме победа, но и ПСЖ имаше свои шанси

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, беше воодушевен по тешката победа од 1-0 над Пари Сен Жермен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Тој сподели дека неговиот тим има добра можност, иако само со минимална предност, пред реваншот на „Паркот на принцовите“ за една недела.

„Тоа беше заслужена победа, добар тимски настап. Можевме да постигнеме повеќе голови, но можеа и тие. Затоа, резултатот е добар од моја гледна точка“, започна Терзиќ.

„Трчавме многу, но тоа е неопходно во ваква игра. Мора да се заработи учеството на Вембли“, продолжи менаџерот на „жолто-црните“.

„Сѐ што ни треба сега е реми во реваншот, но сакаме и да победиме следната недела. Имаме мало водство и добра можност“, заклучи Терзиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови